| четврток, 6 декември 2018 |

Што остана од Донецк по 5 часа гранатирање без престан (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се ранети, а осумдесетина станбени објекти се оштетени кога силите на безбедност изведоа артилериско гранатирање на Горловка и Донецк.

Гранатирањето се случило ноќта меѓу саботата и неделата. Украинските војници испукале приближно 308 гранати по линијата на разграничување, јавува Донецката новинска агенција.

Во нападот биле користени борбени пешадиски возила, акетни фрлачи и малокалибарско оужје.

ештаните велат дека гранатирањето започнало во 23 часот и траело сѐ до 4.30. Се криеле во скривалиштата, а гранати паѓале, тврдат тие, и во центарот на Никитовката област, каде што е мирно до зимата 2015.

Укаинските власти во април 2014 г. започнаа воена операција против самопрогласените републики Донецк и Луганск, кои прогласија независностт по државниот преврат во Украина во февруари 2014 година. Според најновите податоци на ОН, во судирите настрадале повеќе од 9.400 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top