Француската полиција четири часа пред почетокот на финалето изведе контролирана експлозија пред хотелот во кој е сместена француската репрезентација.
Подрачјето пред хотелот „Equipede“ било блокирано бидејќи полицијата пронашла сомнителен пакет кој подоцна го отстранила со контролирана експлозија. Инцидентот се случил четири часа пред почетокот на вечерашниот последен натпревар на Еуро во Франција. Торбата била пронајдена на нешто повеќе од 10 метри од влезот во хотелот во кој е сместена француската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.