Португалските репрезентативци, Кристијано Роналдо и Пепе, вечерва имаат можност да стигнат до двојна европска круна оваа сезона. По триумфот со својот клуб Реал Мадрид во Лигата на шампионите, сега имаат можност да стигнат до европски трофеј и со селекцијата на Португалија. Со тоа би влегле во навистина одбрано друштво.
Првиот на кого тоа му успеало е Шпанец, Луис Суарез, во далечната 1964 година. Тој беше член на италијанскиот Интер и ги обедини титулите, откако и „црвената фурија“ славеше на Купот на нациите.
Фернандо Торес и Хуана Мата исто така станаа европски клупски прваци со Челси, а потоа и со Шпанија стигнаа до трофејот на ЕВРО 2012 во Полска и Украина.
Најбројни се Холанѓаните. Онаа златна генерација од 1988 година, имаше неколку фудбалери од ПСВ Ајндховен, кои славеа двојно. Голманот Ханс ван Брукелен, Роналд Куман, Бери ван Ерле, Џералд Ваненбург, Вим Кифт.
Има и двајца Французи кои се закитиле со две европски круни во една сезона. Кристијан Карембу во 2000 година ја освои европската клупска титула со Реал Мадрид, а потоа и со Франција во финалето на ЕП против Италија. Вториот е Николас Анелка, кој исто така беше член на „кралскиот клуб“, и беше дел од селекцијата на „триколорите“.
Следните би можеле да бидат Роналдо и Пепе…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.