| четврток, 6 декември 2018 |

Дешамп: Никој нема рецепт за Роналдо

SAINT DENIS, FRANCE - JULY 09:  In this handout image provided by UEFA head coach Didier Deschamps of France attends a press conference at Stade de France on July 9, 2016 in Saint Denis, France. (Photo by Handout/UEFA via Getty Images)  (Photo by Handout/Getty Images)  Picture credit: UEFA (Handout photo provided by UEFA. Only editorial use relating to the event described is permitted. Photo may be distributed to third parties to use for the same purpose provided that no charge is made).

SAINT DENIS, FRANCE – JULY 09: In this handout image provided by UEFA head coach Didier Deschamps of France attends a press conference at Stade de France on July 9, 2016 in Saint Denis, France. (Photo by Handout/UEFA via Getty Images) (Photo by Handout/Getty Images) Picture credit: UEFA (Handout photo provided by UEFA. Only editorial use relating to the event described is permitted. Photo may be distributed to third parties to use for the same purpose provided that no charge is made).

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, пред вечерашното финале на Европското првенство, изјави дека ниту една екипа до сега не пронајде рецепт како да ја сопрат португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо.

– Ако постои анти-Роналдо план, никој се уште го нема пронајдено рецептот, рече Дешамп на конференцијата за новинари.

– Тој е врвен играч, посебно е сјаен во скокот. Не само што има одличен одраз, туку и знае да се задржи во воздухот… Би било добро ако го неутрализираме, мораме да го лимитираме неговото влијание. Тоа ќе биде најважно, додаде францускиот селектор.

Финалето меѓу Франција и Португалија се игра вечер од 21:00 часот.

Франциузите го играат своето трето финале на европските првенства и ќе се борат за третата титула, додека Португалија го игра своето второ финале и ќе се обиде да стигне до својот прв трофеј шампион на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top