| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо: Не застанувам тука, сакам уште три деца

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо неодамна во интервју за француски  „Л’Екип“ открил дека планира да има седум деца во својот живот, но и седум „Златни топки“ до крајот на кариерата.

– Среќен сум и се чувствувам добро. Мора да останам мирен и да продолжам да работам, затоа што очигледно можам многу подобро. Вие на мене гледата како на гол-машина, како некој кој мора да постигнува голови. Мене единствено ми се суди по бројот на постигнати голови кои некогаш и не се најважната работа на натпреварот. Ги прифаќам критиките, но не сум согласен со нив. Затоа избегнуваме многу да читам што пишуваат и велат за мене“ – вели Роналдо во интервјуто за „Л’Екип“, во кое се осврнува и на работи надвор од теренот.

Тој пред околу десетина дена го доби своето четврто дете, ќерката Алана Мартина од неговата девојка Георгина Родригез.

– Сакам да имам седум деца и ист број ‘Златни топки’. Тоа не значи дека тука и ќе застанам, затоа што се додека играм сакам да освојам се што е можно. Но, целта е да стигнам до бројката 7 во двете нешта. Сега мојот сон е петтата ‘Златна топка’ а следната година ќе биде следната, вели Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top