| четврток, 6 декември 2018 |

Србите лесно преку Порторико до Рио (видео)

srbija-kosarka-oi-kvalifikacii

Кошаркарската репрезентација на Србија вечерва во белградската „Комбанк Арена“ ја совладаа репрезентацијата на Порторико со 108-77 во финалето од олимпискиот квалификациски турнир со што обезбеди пласман на Олимписките игри во Рио.

Се беше јасно на самиот старт. Српските кошаркари фуриозно го започнаа мечот. Првата четвртина ја добија со високи 37-11, а пред крајот на првиот дел имаа водство и од триесет разлика (37-7).

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ продолжија со исто темпо. На полувреме имаа 33 поени разлика (60-27).

На средината од третиот дел српските кошаркари стигнаа и до највисоки 39 поени разлика, па така Ѓорѓевиќ се одличи да им даде шанса и на играчите од клупата, кои исто така ја продолжија доминантната игра.

Очекувано Србите на крајот имаа троцифрен број на поени, 108, наспроти 77-те поени на Порториканците.

Најефикасни кај „орлите“ во оваа убедлива победа беа Богдановиќ со 26, Јокиќ и Калиниќ со по 23 постигнати поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top