| четврток, 6 декември 2018 |

Дешамп: Роналдо не може да се запре, ќе се обидеме да го лимитираме

didie deshamp

Не е никаквата тајна дека Португалија има резултат носена на крилјата на Кристијано Роналдо, па француските фудбалери ќе мора да сторат се што можат за да го запрат членот на Реал Мадрид доколку сакаат да се закитат со титулата европски шампиони. Селекторот Дидие Дешамп има само најпофални зборови за Португалецот, посочувајќи дека досега ниту еден тренер не нашол начин целосно да го запре Кристијано.

– План за запирање на Кристијано? Сметам дека не постои таков план, никој досега не успеал во тоа. Роналдо не може да се запре, може само да се лимитира и ние ќе се обидеме да го сториме токму тоа. Неговата физичка подготвеност е толку доминантна што буквално со еден потег, или со еден скок со глава може да го реши натпреварот. Ние ќе се обидеме да го изолираме, да не влијае на финалето онолку колку што посакува, но не се залажуваме дека можеме целосно да го запреме – изјави Дешамп.

Французинот како фудбалер стана и светски и европски првак со „триколорите“, но утрешното финале ќе биде еден сосема поинаков предизвик за него.

– Да бидам искрен, малку ми е криво што нема да можам да играм. Секако дека повеќе се ужива во овие финалиња кога си на теренот, на клупата има повеќе нервоза – истакнува кормиларот на француската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top