| четврток, 6 декември 2018 |

Монструмот Синиша нема ни трошка каење: Требаше сите да ги убијам

sinisa

Синиша Златиќ во ќелијата во Окружниот затвор во Зрењанин се однесува најнормално, како пред само неколку дена да не изврши крвав масакр во кој уби 5 лица и рани уште 20. Нема ни трошка каење.

– Требаше сите да ги убијам, само тоа го повторува, вели извор вработен во затворот за српски Курир.

По сослушувањето во Вишото обвинителство, тој бил префрлен во притвор.

– Сам е во ќелијата и нема никакви посебни барања ниту се однесува невообичаено. Всушност, чудно е смирен со оглед на тоа колку недолжни семејства зави во црно. Се однесува како се да му е рамно, вели изворот за Курир.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top