Едно момче и едно девојче се уште се во критична состојба по несреќата што се случи во кочанско на 1 мај. Според лекарите од скопските клиники, момчето е на интензивно лекување на Неврохирургија и е на механичка вентилација, а девојчето, поради тешки повреди на главата и на белите дробови, се наоѓа на механичка вентилација. Повредените деца денеска повторно ги посети министерот за здравство Никола Тодоров.
– Докторите прават се што е можно за да се подобри здравствената состојба на децата кои се најтешко повредени. Веќе две од децата кои беа сместени на Детска хирургија се отпуштени на домашно лекување. На поголемиот дел, состојбата значително им се подобрува. Има три кои се уште се на интензивно лекување во КАРИЛ, две на интензивна нега на Невролошката клиника, од кои веќе едно е префрлено, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Министерот им се заблагодари на лекарите, на целиот медицински персонал и на сите граѓани кои помогнале за спасувањето на животите на повредените деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


