| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Нема оправдание за убиствата во Далас

obama-1Америка е шокирана од убиството на полицајци во Далас, изјави американскиот претседател Барак Обама, која се наоѓа во Полска на самитот на НАТО.

– Нема оправдание за таков израз на омраза, за тој намерен и жален чин, рече Обама реагирајќи на веста за убивањето на полицајците, кои ги обезбедуваа учесниците во протестите во Далас.

Петмина полицајци беа убиени, а шестмина беа ранети кога врз нив е отворен оган од најмалку двајца снајперисти синоќа во Далас, во момент кога во центарот на градот се одржуваа протести поради убиството на двајца Афроамериканци за време на полициска интервенција во Минесота и во Луизијана, соопшти полицијата.

Три лица се уапсени во врска со снајперскиот напад врз полицајци во Далас, а со четвртиот осомничен, кој се забарикадира во гаража во градот полицијата преговараше за да се предаде, но тој се самоуби изјави началникот на полицијата во Далас, Дејвид Браун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top