Марион Бартоли пред три години го озвои Вимблдон и одненадеж одлучи да ја заврши кариерата, а денеска нејзиното име повторно е во медиумите бидејќи има здравствени проблеми.
За жал тоа ниту Французинката не знае за какви проблеми станува збор, но изгубила многу килограми.
Требало оваа година да нстапи на Вимблдон во натпреварувањето на легендите, но докторите и забраниле.
-Ова не еживот. Јас едноставно преживувам. Се плашам за својот живот и дека еден ден срцето ќе престане да ми чука. Мојот живот сега е кошмар и не го посакувам тоа никому. Состојбата само се влошува- вели тенисерката која може да јаде само листови од органска салата и краставички кои мора да ги измие со минерална вода.
Таа мисли дека „собрала“ непознат вид на вирус на патувањата меѓу Австралија, САД и Индија по што загубила 20 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите