Најмалку 24 повредени во експлозија во метро во Тајпеј, Тајван.
Според медиумите, во преполниот приградски воз прво се слушнала експлозија, по што вагонот го зафатил пламен.
Десетина амбулантни возила и противпожарни екипи се обидуваат да го смират пожарот и да стигнат до сите повредени. Најмалку едно лице е во тешка состојба со опекотини над 30 проценти.
Сведоци пренесуваат дека виделе човек на 40-тина години кој се движел низ вагонот, по што оставил предмет во вид на цевка долга 15-тина сантиметри и веднаш се симнал од возот. Според полицијата, експлозијата се случила од направа која „личи на петарда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.