| четврток, 6 декември 2018 |

И Силекс се збогува од Лига на Европа

sileks-vaduc-070716

Силекс со нов пораз го заврши својот настап во квалификациите на Лига на Европа. Кратовскиот тим вечерва во реванш-мечот против Вадуц, кој се одигра арената „Филип Втори“, загуби со 1-2.

Во првиот натпревар во Лихтенштајн, фудбалерите на Силекс загубија со 3-1.

Единствениот гол за нашиот претставник вечерва го постигна капитенот Марјан Мицков во 31. минута. Двата гола гостинската екипа ги постигнаа во последните три минути од мечот. Прво фудбалерите на Вадуц израмнија од пенал, а токму стрелецот од белата точка, Констанцо во последната минута од мечот со ефектен гол направи комплетен пресврт за Вадуц и победа од 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top