| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички и Силекс го отвораат петтото коло од ПМФЛ

Со натпреварот Работнички – Силекс закажан за денеска од 16 часот во Скопје ќе започне 5.коло од Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи се со амбиција за освојување место кое води во евро-куповите, па евентуална победа би значела задржување на високата позиција на табелата.

Другите четири дуели од овој круг се играат утре:

Брегалница – Шкендија,
Македонија ЃП – Вардар,
Победа – Шкупи и
Ренова – Пелистер.

Табелата: Вардар 10 бодови, Пелистер 10, Работнички 9, Силекс 7, Шкендија 6 (натпревар помалку), Ренова 5, Шкупи 2 (натпревар помалку), Македонија ЃП 2, Брегалница 1, Победа 0. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top