Познатата актерка Ева Рас (75) за време на гостувањето во една ТВ-емисија доби интересна задача, а тоа е да ги искоментира естрадните ѕвезди, но од агол на модно жири. Првата личност што ја коментираше беше Зравко Чолиќ.
–Очајна сум бидејќи ја бојадисува косата. Зар тоа не е страшно? Па тој е малку помлад од мене, не многу – кажа актерката.
Од Здравко Чолиќ полошо помина познатиот шоумен Боки 13, кон кого Ева беше многу остра.
-Вака истрошено суштество има потреба да ги покажува бутовите, така да ги засука ракавите и да ја крене сукњата. Тоа е желба да се биде нешто што не си- кажа Ева.
На крај, сите пофалби и позитивни критики ги собра пејачот Жељко Јоксимовиќ, за кого Ева призна дека многу ѝ се допаѓа:Тој ми е слаба точка. На него сè е фраерски и убаво – кажа актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.