Актерката Ева Рас открила зошто не била на погребот на Драган Николиќ на кој присуствуваа голем број актери, пријатели, функционери и обожаватели.
На Ева ѝ било исклучително тешко да присуствува на погребот на својот колега, затоа што верува дека на Милена Дравиќ би ѝ било уште полошо кога би ја видела неа како тагува по Драган.
– Јас не сум појава што може да пружи утеха – ја почна Ева приказната за пријателството со покојниот актер Драган Николиќ и неговата сопруга Милена Дравиќ.
-Не, не бев и повеќе не одам на погреби. Го погребав целото мое семејство и јас не сум некој кој може да им даде утеха на ожалостените. Да ме видеше Милена тогаш уште повеќе ќе се расплачеше затоа што нашите трагични судбини полека се поклопуваат – раскажала Ева во една телевизиска емисија. Таа исто така кажала дека следниот погреб на кој ќе отиде ќе биде токму нејзиниот.
-Јас ќе одам на само уште еден погреб, ќе мораат да ме погребаат кога ќе починам – заклучила познатата актерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.