| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен терорист открива- 1000 терористи во Евбропа се подготвени за напад

terorist zakana

Мохамед Абрини е терористот кој учествувал во нападите во Париз и Брисел и кој пред инспекторите дал шокантна изјава за тоа колку терористи се инфилтрирани во Европа.

Абрини пред инспекторите рекол дека организаторот на нападите во Париз, Абделхамид Абауд, го запознал во Сирија.

-Абауд почна како обичен борец, но толку напредуваше што дојде до статусот “емир”. Контролираше војска од 1.000 луѓе кои сочинуваа и борци од Белгија и Франција, рекол Абрини.

Тој појаснил дека тие луѓе немале никакви проблеми со минување на границите во Европа.

-Меѓународните потерници не менуваат баш ништо! Јас сум најдобар пример. Речиси секој ден минував покрај полицајци и војници без да го покријам лицето. Само носев капа. Безбедноста на границите е никаква. Работата е што политичарите сакаат да го измамат народот со приказните за безбедни граници, но реалност е дека безбедност нема, заклучил тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top