Еден ден откако полицијата го усмрти невооружениот Афроамериканец Алтон Стерлинг во Лузијана, се случи уште едно полициско убиство на црномуресто момче во Минесота.
Филанд Кастиљ (32), полицијата го убила додека бил во својот автомобил, а неговата мајка соопштила дека тој починал во болница, подлегнувајќи им на повредите, пишуваат американските медиуми.
Катиљ бил во автомобилот со својата девојка Дајмонд Рејнолдс и со нејзината четиригодишна ќерка која седела на задното седиште, кога полицијата ги запрела поради скршено задно светло на автомобилот.
Рејнолдс, која снимала што се случувало по пукањето, вели дека полицаецот побарал возачка дозвола и документи. Како што таа изјавува нејзиното момче посегнало за новчаникот и го информирал полицаецот дека носи и огнено оружја за кое поседува дозвола. Во тој момент полицаецот се исплашил и испукал четири куршуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија