| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманост за поклон: Зошто Португалија и Велс играа во резервни дресови

portugalija vs vels

Во полуфиналето на Европското првество во Франција, селекцијата на Португалија ја надигра селекцијата на Велс (2:0), а еден детаљ заблежаа сите љубители на спортот. Двете екипи играа во резервни дресови.

УЕФА се грижи за луѓето кои не ги разликуваат боите, па токму поради далтонистите во Велс и во Португалија, екипите играа во резервни дресови. Нешто слично се случи иво Лигата на шампионите, кога Барселона и Атлетико настапија во поинаква опрема.


Второто полуфинале меѓу Франција и Германија ќе се одигра во регуларна опрема. Белите и сините дресови не претставуваат проблем за далтонистите.

Далтонизмот е делумно слпило, кои се состои во неспособноста да се разликуваат бои и голем дел од популацијата страда од оваа болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top