| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во САД: Петгодишно дете ја уби помалата сестра со пушка

Петгодишно дете случајно ја застрелало двегодишната сестричка со „неговата прва пушка“ додека си играле во домот во Кентаки, САД.

Нивната мајка ги оставила сами на неколку минути, но тоа било доволно да се случи трагедија.

Детето ја добило пушката за роденден. Во овие делови на САД било нормално децата од пет години да добиваат малокалибарски пушки на подарок, па не ретки се и несреќните случаи од ваков тип. Според полицијата, родителите ја чувале пушката на место за кое сметале дека е доволно безбедно и недостапно за детето, но тоа сепак успеало да ја дофати.

Истрагата утврдила дека станувало збор за несреќен случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top