| четврток, 6 декември 2018 |

Прекрасна глетка: Како се однесуваат огнот и водата во вселената (видео)

Eдна од најголемите заблуди во врска со Вселената е дека објектите во целост се лишени од дејството на гравитациската сила. Вистина е дека на секое место во Вселената има барем малку гравитација, поради што и Месечината константно кружи околу Земјата.

Сепак на секоја снимка со астронаутите од Меѓународната вселенска станица може да се виде како луѓето и предметите лебдат во бестежинскиот простор.

vselena-c11

Се работи за појава наречена микрогравитација. Предметите во МВС се наоѓаат во состојба на микрогравитација, некој вид на бесконечен слободен пад, движејќи се со брзина од околу 28.165км на час. Но, наместо да почнат да паѓаат на Земјата, објектите паѓаат околу Земјата, следејќи ја нејзината закривеност благодарение на што остануваат во орбитата на планетата, објаснуваат научниците.

Во состојба на микрогравитација се случуваат многу чудни работи – цвеќето мириса поразлично, мовта расте во облик на спирала, а пламенот од свеќата има сферична форма.

При микрогравитација, водата не тече слободно, туку се собира во големи сферни капки.

Цедењето на мокра ткаенина не е возможно, затоа што водата наоколу се собира како желатинска маса.

Честичките вода орбитираат околу наелектризирани предмети, како на пример игла за плетење.

Астронаутите дури може да користат и рекети и со капка вода да си играат пинг понг.

Наместо пламенот на свеќата да биде прав, тој е во сферен облик во Вселената.

Таму пламенот се соочува со еднакво силен притисок од секој правец, што предизвикува негово ширење од изворот во вид на сфера.

Наместо да се изгаси поради недоволна количина на кислород, како на Земјата, пламенот во Вселената се разбива во голем број мали пламени, кои се движат на површината во вид на цик-цак линии.

Со цел да откријат што може да се преземе во случај на избивање пожар во МВС, научниците изведуваат експерименти со пламен за време на микрогравитација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top