| четврток, 6 декември 2018 |

Од соработката на „Витаминка“ со Владо Јаневски се роди новиот спот за песната „Ајде води ме“

Со соработката меѓу „Витаминка“ и Владо Јаневски се промовираат најдобрите македонски производи, а воедно се поддржува македонски поп-музичар. Спојувањето на дветр силни македонски имиња во различни сегменти ќе придонесе за нивно зацврстување и позиционирање како на домашниот така и на странските пазари.

-Во „Витаминка“ воспоставивме редовна практика, која полека станува и традиција, да ја поддржуваме македонската музика и нашите музичари затоа што веруваме дека музиката содржи и пренесува вистински вредности. Владо Јаневски е значајно име за домашната современа поп-музика и нè радува што повторно се враќа на сцената и што токму ние како компанија застануваме зад него. Искрено веруваме дека и овој пат влегуваме во една долгорочна соработка и соработка што ќе роди со задоволство за сите страни – изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на „Витаминка“.

Соработката меѓу двете имиња почна со промоција на новиот спот на Владо Јаневски за песната „Ајде води ме“, а ќе продолжи и во следниот период со дополнителни активности и изненадувања.

-Името „Витаминка“ значи вредност, традиција и искрен поддржувач и промотор на современата поп-музика. Затоа чест и задоволство е да се застане покрај нешто што е успех веќе 60 години и што е длабоко присутно во нашиот секојдневен живот. Од таа причина, покрај тоа што во оваа соработка влегувам со верба, таа има и емотивно значење за мене и за мојата работа како музичар – изјави Владо Јаневски.

Tекстот за песната „Ајде води ме“ е авторство на Владо Јаневски, музиката ја напиша Момчило Бајагиќ, снимател и продуцент е Валентино Скендеровски, а аранжманот е на Никша Братош. Се снимаше во загрепското студио „НБ“ и во „Ентерпрајс“ во Скопје. Моделка во видеозаписот, кој се снимаше на локации низ Скопје, е Ана Коцева и е во продукција на „Томато“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top