| четврток, 6 декември 2018 |

Иранскиот Хулк бесен: Ќе ја уништам Исламската држава во Сирија (Видео)

Иран би можел да го ослободи своето убиствено оружје против Исламската држава, и тоа во вид на многу мускулест бодибилдер, логично наречен Хулк, според познатиот стрип јунак.

iran-hulk-sajad-gharibi-photos-7

Иранецот Сајад Гариби има речиси 160 килограми и буквално целиот е мускулест. Така и го добил прекарот на социјалните мрежи – ирански Хулк, бидејќи премногу потсетува на тој суперхерој.

24-годишниот Гариби лесно крева тегови од 175 килограми и многу е активен на социјалните мрежи. Има речиси 60.000 фанови на Инстаграм, кои секојдневно ги радува со фотографии од сала за вежбање или разни натпреварувања.

iran35

Тој изразил желба да се бори против терористите на Исламската држава, на тој начин што ќе им се приклучи на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад. На својот профил на Инстаграм, каде што е премногу активен, ги открил своите намери. Сака да им помогне на војниците во борбата против џихадистите.

iran-hulk-sajad-gharibi-photos-2

1g1ghhdhdf

Сахад пишува на персиски, но хаштаговите му се на англиски. Иранскиот Хулк, или Херкул како што уште го нарекуваат, учествувал на различни бодибилдинг натпреварувања, а на неколку и успешно го претставил Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top