Герет Бејл со нетрпение го очекува вечерашното полуфинале меѓу Велс и Португалија, но потенцира дека тоа ќе биде многу повеќе од пресметка меѓу него и Кристијано Роналдо, како што ја најавуваат бројни европски медиуми.
– Сите зборуваат за двобојот меѓу мене и Роналдо, но ова ќе биде многу повеќе од тоа. Ние сме само дел од своите репрезентации, ќе истрчаме на терен, а подобрата екипа на крајот ќе се пласира во финалето. Велс не зависи од мене, имаме извонреден тимски дух кој е нашиот главен квалитет. Сите знаат дека имам високо мислење за Роналдо, со него добро се согласувам во Реал, но сето тоа вечерва ќе го тргнеме на страна – изјави Бејл.
Велшаните се соочуваат со сериозен проблем поради суспензиите на Рамзи и на Дејвис, но селекторот Колмен e убеден дека нивното отсуство нема премногу да се почувствува.
– Аутсајдери сме од првиот натпревар на овој шампионат и одлично се снаоѓаме. За Португалија ова ќе биде седмо полуфинале на големите натпреварувања, за нас прво, но немаме проблем со тоа, тимскиот дух ќе ни помогне да ја надминеме и оваа пречка. Дејвис и Рамзи немаа да играат, но имам огромна доверба во оние ќе го заземат нивното место во тимот – истакна Крис Колмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.