Актуелниот европски првак Челси и поранешниот шампион на стариот континент Бенфика, ќе играат во финалето на Европа Лигата, во Амстердам на 15. мај. Потешкиот дел од задачата го имаше клубот од Лисабон, но ја решија со победа од 3-1, над Фенербахче во реваншот. Првиот меч заврши со предност од 1-0 за екипата од Истанбул, што се покажа како недоволна залиха за пат во Амстердам. Челси повторно го совлада Базел, овојпат со 3-1 на својот стадион „Стемфорд Бриџ“ и со вкупни 5-2, ќе има можност да атакува на трофеј и запис во историјата. Лани станаа европски прваци, а ако слават и на 15. мај против Бенфика, ќе бидат првиот тим што ги освоил двата највредни европски трофеи, во две сезони едноподруго.
Базел се закани во самиот финиш од првиот дел, со голот на египетскиот интернационалец Салах. Во тој момент вкупниот резултат беше 2-2, но Челси за само 14 минути на стартот од вториот дел, ги разби надежите на Базел. Торес, Мосес и Луиз од 46. до 59. минута, постигнаа три гола за целосен пресврт и пласман во финалето.
Многу пожешко беше во Лисабон. Бенфика притисна од самиот старт, што порано да ја анулира негативата од 0-1, а Гаитан веќе по 9. минути игра, со гол го разбуди вулканот на стадионот во Лисабон. Гостите од Истанбул израмнија од пенал преку Дирк Кајт во 23. минута, а Оскар Кардозо, нешто подоцна ја врати предноста на Бенфика од еден погодок. Во вториот дел, сенка на мечот падна по тешката повреда на Гокан Гонул, кој настрада по ударот директно во брадата од Гаитан. Играчот на Фенербахче беше пренесен во болница, а натпреварот продолжи. Кардозо беше херојот на Бенфика со уште еден погодок, решавачки за пласманот на Бенфика во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



