| четврток, 6 декември 2018 |

Се шушкаше, а тој потврди: Уште една суперѕвезда се откажа од репрезентацијата на Аргентина

Репрезентацијата на Аргентина се соочува со распад и смена на генерација, откако по Лео Меси, уште неколку ѕвезди најавија заминување од националниот тим.

Што ќе остане од репрезентацијата на Аргентина? Како што тргнале работите, изгледа ништо… Најавено беше дека после Лионел Меси повлекување од националниот тим би можеле да објават уште некои од големите асови (Игуаин, Агуеро, Маскерано…), а денеска пристигна и една потврда.

Имено, таткото на Серхио Агуеро отворено рече во една радио емисија што ќе се случи доколку Меси не се предомисли…

„Ако Лео навистина не игра повеќе, нема да игра ниту Серхио. И тој ќе им го отстапи местото на помладите момци“, изјави Лионел де Кастилјо.

За потсетување, Меси соопшти дека повеќе нема да игра за „Гаучосите“ по поразот во финалето од Копа Америка и промашениот пенал против Чиле. Со оглед на тоа дека Лео и Агуеро се кумови и најдобри пријатели, најавата на таткото на напаѓачот на Манчестер Сити и не е некакво изненадување. Особено ако се земе предвид ужасната атмосфера во националниот тим на Аргентина, за која говореше и самиот Агуеро.

„Серхио го болат критиките од новинарите. Воопшто, играчите кои играат во Европа цело време се на мета, а никој не гледа колку тие се трудат, колку само патуваат за да играат за својата земја. И сето тоа самите го финансираат“, додава таткото на Кун.

Аргентинците денеска останаа и без селектор откако Тата Мартино си поднесе оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top