Многу луѓе се убедени дека вежбањето е клучен елемент во процесот на слабеење и губење на прекумерните килограми, меѓутоа, тоа не е така. Иако вежбањето и физичката активност се одлични за здравјето, тие всушност не се клучни за самиот процес на слабеење и успехот на тоа поле.
Важно е да се знае дека со физичка активност трошиме помал дел од калориите. Човечкиот организам калориите ги троши на три начини: со базалниот метаболизам (енергијата потребна за вршење на основните телесни функции во моменти на мирување), енергијата која е потребна за варење на храната како и со физичка активност.
Имаме мала контрола над базалниот метаболизам, а тој всушност троши најмногу енергија.
-За многу луѓе базалниот метаболизам е 60 до 80 отсто потрошена тотална енергија – вели др. Алексај Кравитз, експерт во полето на дебелењето и нутриционизмот. Варењето на храната троши околу 10 отсто, што на физичката активност остава само 10 до 30 отсто потрошена енергија.
Тоа значи дека од 100 отсто внесени калории дневно, телесната активност троши само 10 до 30 отсто дневно.
Користејќи го планерот на американскиот Национален институт за здравје, математичарот и истражувачот Кевин Хал направил модел кој покажал како во процесот на слабеењето физичката активност не игра претерана улога.
Хипотетички: ако маж од 90 килограми четири пати неделно трча по 60 минути (а калорискиот внес го одржува ист), за 30 дена би изгубил околу два килограми.
-Ако сепак ова лице се опушти во врска со храната, за да го компензира вежбањето, тогаш губењето на килограми би било уште помало– вели Хал.
Всушност се работи за механизам на компензација, колку повеќе се движиме и колку повеќе сме физички поактивни, имаме потреба да јадеме повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.