Во синоќешната емисија на новинарот Васко Ефтов – ,,Во Центар”, гостин беше Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ и личен адвокат на Зоран Заев, Чауш и на повеќемина видни членови на СДСМ, Мирослав Вуиќ. Тој во текот на целата емисија беше во обид да одглуми адвокат и да го заштити Зоран Заев, при што конфузно се вплетка во сопствените лаги.
На прашање на Ефтов: И сакате да кажете дека Чаушот е цвеќе за мирисање, Вуиќ одговори кратко: Тоа е многу убава формулација.
Ефтов дополнително упати неколку прашања кон Вуиќ:
– И сакате да кажете дека Зоран Заев туку така се здружи со Чаушот без да сака некакви амбиции преку Чаушот да реализира. Има ли криминално минато Чаушот?, го повтори ова прашање Ефтов неколку пати, при што Вуиќ, во конфузија и неможност да ја сокрие вистината, почна да искажува смешни изјави, за еден адвокат, па рече:
– Чаушот нема криминално минато, има осудуваност!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)