| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е ова главната причина за хоророт – Неколку дена пред масакрот, Дијана побарала согласност да го одведе синот во странство

dijana i sinot

Дијана Савановиќ, првата жртва на Синиша Златиќ, неколку дена пред тој да го направи масакрот во Житиште, од својот поранешен маж побарала согласност за да го одведе својот син Немања во странство, изјавил пријател на семејството на Дијана за Телеграф.рс.

– Стеван, новото момче на Дијана, трабаше да се врати во Шведска викендов. Таа сакала да оди со него, да се спаси од тој ѕвер, па затоа побарала согласност за и детето да го земе со себе. Морало дозвола и од таткото, таква била процедурата. Ете, видовте како се заврши…

Мештаните на Житиште тврдат дека Дијана после долгиот и несреќен брак, во Стеван нашла надеж за нормален живот и дека само сакала за себе и за детето да обезбеди некаква иднина, но сето тоа веројатно за убиецот дошло премногу, па изгубил контрола над себе и го направи тоа страшно злосторство во кое зема 5 животи и повреди 20 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top