– Не посрамоти сите Златиќи, цело семејство. Како моите деца сега да излазат на улица? Ги знаевме сите жртви, сите ни беа сограѓани, соседи. Немав храброст ни да погреб да им отидам… Со овие зборови на репортерите на Блиц.рс им се обратил Мирослав Златиќ, братучед на убиецот Синиша Златиќ кој во петокот по полноќ усмрти 5 и повреди 20 луѓе во кафуле во Житиште.
Мирослав го зтекнале пред семејната куќа во Житиште, каде изјавил дека се уште не може да се дојде при себе од трагедијата која неговиот роднина ја предизвика. Како што изјавил, чувстутва огромен срам.
– Грозно се чувствувам, и јас и целото семејство. Денес не бев во состојба да излезам од дома. Цел ден седев во собата и плачев. Ова чувство не можам да ви го опишам…катастрофа. Директно ништо не сме направиле, а не можам никој во ова место да го погледнам во очи, им рекол тој на репортерите.
Неговата сопруга пак смогнала сили да отиде на погребите на Стеван Јоиќ и Валдимир Мијатовиќ, сограѓани кои добро ги познавала и со кои растела, а чии животи ги одзема Синиша со својот калашников.
– Јас не можев да отидам на ниту еден прогреб за разлика од неа. Без оглед на тоа што сите ме тешеа и ми велеа дека не сум за ништо крив, едноставно не можев. Ги знаев тие момци… и нив и сите кои се ранени. Три дена се прашувам зошто Синиша го направи тоа, со кој памет…не ми е јасно. Беше мирен, пристоен, повлечен човек, не беше склон кон насилство. Сега ја посрамоти цела фамилија, додал Мирослав.
Иако крајно разочаран и потиштен, тој чувстутва и голема лутина.
– Сите нас, целото семејство, сите не посрамоти. Не обележа за цел живот да не покажуваат со прст. Срам ми е од сите, иако не ми е роден брат. Како ќе излезат моите деца на улица…не знам како ќе се опоравиме од ова, завршил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.