| четврток, 6 декември 2018 |

Во стилот на Мерлин Монро: Обама се фати за микрофон и запеа Среќен роденден

Поради дождот, наместо на Саут Лон, како што беше првичната замисла, Барак и Мишел Обама организираа забава по повод Денот на независноста во Белата куќа.

rs_1024x759-160704194335-1024.barack-obama.cm.7416

-Бидејќи на секој родител задача му е и да ги посрамотува своите ќерки, имам да извршам една последна таква обврска“, изјави Обама и почна да пее додека публиката му аплаудираше.

Неговата ќерка Малија оваа година заврши средно училиште и ќе тргне по стапките на својот татко, следната година запишувајќи се на Универзитетот Харвард.

На забавата по повод празникот и 18-от роденден на Малија беа собрани семејството, војници како и воени херои. „Важно е луѓето да се потсетат колку е чудесна Америка. Треба да ја славиме нашата слобода и да направиме сè за да им оддадеме почест на оние кои се жртвуваа за оваа земја и за нејзината слобода“, им порача на присутните Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top