Една од жртвите на масакрот во Житиште, Стеван Јоиќ, воедно и момче на Дијана Савановиќ – Златиќ чиј поранешен маж го направи ова злосторство, имал намера да ја одведе својата девојка во Шведска и таму да ја земе за жена. Пријателите на Стеван (40) овие планови ги потврдиле за Новости.рс, дека парот имал намера да започне заеднички живот во Шведска, каде што Стеван работел. Двојката пред да се случи масакрот поминала еден викенд во Аранѓеловац.
Врската им траела скоро половина година, а почнале да се гледаат откако Дијана се развела од Синиша. Најпрво се состанувале тајно, а во последно време престанале да се кријат затоа што сметале дека нема потреба од тоа. Во подобар живот во странство, Дијана имала намера да го одведе и својот 8 годишен син, Немања.
За жал, ништо од тоа не им дозволи Синиша Златиќ, кој освен нив двајца со својата пушка усмрти уште тројца сограѓани, а повреди дури 20. Тој јавно искажувал омраза кон Јоиќ и не му било по ќеф што неговата поранешна жена се дружела со “Швеѓанецот”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников
-
Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
-
Зошто никој не зборува за пораката на масичката: Морбидни фотографии од собата на убиецот од Лас Вегас