| четврток, 6 декември 2018 |

Овации и аплаузи: Спектакуларен дочек за исландските фудбалери (Видео)

Исландската фудбалска репрезентација и покрај високиот пораз (5:2) во четвртфиналето од домаќинот на ЕУРО 2016 Франција, спектакуларно беше дочекана од илјадници сонародници.

island-fudbaleri

Фудбалерите на Исланд во панорамски автобус продефилираа низ улиците на Рејкјавик, а потоа на централниот плоштад следуваше забавата.

Не изостана нивното препознатливо бодрење „Ху“ кое ќе биде запомнето како еден од белезите на овој шампионат.

И покрај тоа што важеше за аутсајдер на ЕП, Исланд стигна до четвртфиналето каде беше запрен од Франција. На својот пат меѓу осумте најдобри Исланѓаните направија сензација елиминирајќи ја Англија во осминафиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top