| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Нетанјаху заспа за време на церемонијата за оддавање на почит на неговиот загинат брат

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху се најде во средиштето на скандал откако заспа на церемонијата на одбележување на 40 години од големата операција на Израелците.
Израелскиот премиер заспа на одбележувањето на 40 години од операцијата во која израелската армија ги ослободи патниците на летот од Тел Авив до Париз, операција во која што загина братот на Бенџамин Нетанјаху.

tocka-201049

Нетанјаху деновиве пристигнал во Уганда каде што и официјално ја започнал неговата турнеја во Африка, а оваа посета се смета за историска затоа што тој е првиот израелски премиер на Израел во посета на „постсахарскиот“ дел на Африка во последните неколку децении.

На снимката која што за кратко време се прошири на социјалните мрежи, може да се види како Нетанјаху за време на церемонијата ги затвора очите, а неговата сопруга Сара се обидува да го одржи буден.

Израелскиот премиер во рамките на неговата африканска турнеја наскоро ќе ги посети и Кенија, Руанда и Етиопија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top