| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ги обединува разузнавачките агенции

francijaФранцуска парламентарна комисија за истрага за терористичките напади извршени во Париз во ноеври 2015 година препорача обединување на француските разузнавачки служби во единствена агенција.

– Соочени со заканите од меѓународен тероризам, мора да бидеме амбициозни кога станува збор за разузнавањето – изјави Жорж Фенек, претседател на таа комисија препорачувајќи воспоставување национална антитерористичка агенција.

Фенек тој предлог го објави по петмесечна истрага за да се избегне повторување на трагедиите каква што беше на 13 ноември лани кога во Париз беа извршени низа џихадистички напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top