Втор случај на зараза со вирусот зика е регистриран во Словенија, објави во понеделник националниот институт за јавно здравје.
Лицето што заболело се заразило со вирусот за време на туристички престој во странство и не претставува ризик за јавното здравство, рече Ева Грилц, епидемиолог од овој Институт.
Таа додаде дека се преземени сите мерки за заштита од вирусот зика за словенечките спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри во Бразил.
Првиот случај на зараза со вирусот зика во Словенија е потврден на почетокот на минатиот месец кај лице што исто престојувало во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.