| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнала, ја прогласиле за мртва, се вратила по 11 години (видео)

Жена која мистериозно исчезнала пред 11 години се појави пред властите во Флорида. Се работи за 54 годишната Бренда Хејст од Пенсилванија која мистериозно исчезнала во 2002 година. Но во петокот се појавила пред власите во Флорида, изјавувајќи дека самата одлучила да го напушти семејството и проблемите. Властите ја воделе за исчезната и најверојатно мртва. Бренда последен пат била видена во февруари 2002 година, кога ги носела децата во училиште. Тогаш минувала низ бракоразводна парница, а работела како книговодителка во салон за автомобили, очекувајќи поголема плата. Меѓутоа нејзиното барање било одбиено. Тогаш решила да се придружи на групата бездомници и да замине во Флорида. И требало еден месец да стигне таму.

Беше вознемирена, седеше во паркот и плачеше, размислувајќи како ќе ги чува децата. Се жалеше самата себе си- вели детективот Џон Скофилд, кој го истражувал нејзиното исчезнување.

И пришле двајца мажи и една жена, кои ја повикале да стопира со нив на патот за Флорида, и таа прифатила.
-И било срам, плачеше. Знаеше дека тоа што го направила е погрешно, но таа за сево ова време не се обидела да стапи во контакт со семејството-објаснува Скофилд кој заминал да се сретне со неа откако се појавила по 11 години.
Првите две години била бездомник, а наредните седум живеела во камп куќа на човек кој го запознала. Откако се разделиле, таа повторно живеела две години на улица. Детективот по примената вест за нејзиното појавување, се сретнал со нејзиниот поранешен сопруг Ли, кој сега е во брак со друга жена, заедно со нивните две деца.

-Беше многу емотивно. Ќерката беше среќна што нејзината мајка е жива, но истовремено ја погоди фактот што одлучила да го напушти семејството- вели Скофилд.

– Не сакам да имам контакт со неа. Ако се излечи и ако сака да стапи во контакт со децата нема да им стојам на патот – вели поранешниот сопруг на Бренда кој пред 3 години покренал постапка таа да се прогласи за мртва – пишува Хафингтон пост.

Бренда Хејстс моментално е под старателство на службите, а против неа нема покренато ниту едно обвинение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top