23 600 ЕУ службеници во вторник ќе протестират со штрајк поради пакетот реформи кој за нив претставува „смртна казна“. според виенскиот весник Кронен цајтунг пакетот реформи предвидува зголемување на работните саати од 37,5 на 40 часа неделно и покачување на старосната граница за пензија од 63 на 67 години. Покрај тоа, зголемувањето на платите ќе биде минимизирано, а пензиските придонеси зголемени. Кронен цајтунг пишува дека службениците на Советот на ЕУ почнуваат штрајк во вторник, а службениците на ЕК нема да учествуваат во штрајкот. За многумина незадоволството на бриселските службеници е нејасно со оглед на високите плати кои според весникот Велт ам Зонтаг изнесуваат над 16 000 евра месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.