Дека магионичарските трикови не се никакво чудо, туку измама која мора да биде добро извежбана, докажала утринската емисија на една полска телевизија, во која водителката за малку ќе останела без рака.
Таа во присуство на колегата водител, и еден не толку вешт магионичар, требало да избере една од трите кеси во која имало шило, но магионичарот ја уверувал дека ќе направи предметот да исчезне.
Кога по упатство на овој “експерт” силно ја удрила раката на една од кесите, се воспоставило дека неговите “моќи” исчезнале, бидејќи несреќната жена се забодела на шилото сокриено во ќесата и почнала да вриска.
Магионичарот бил шокиран, но веднаш го извлекол шилото од раката на несреќата жена, која не престанала да плаче.
Емисијата била прекината, а подоцна повлечена од програмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)