| четврток, 6 декември 2018 |

Безмилосно апсење на аеродром: Обезбедување фрлило парализирана девојка на под (Видео)

18-годишната Хана Коен, со инвалидитет предизвикан од долгогодишна борба против ракот, доживеала голема траума на аеродромот во Мемфис, кога работниците на обезбедувањето ја уапсиле, бидејќи се огласил скенерот низ кој минала.

tocka-201018

Нејзината мајка навела во тужбата која ја поднела против аеродромското обезбедување, дека најверојатно додатоците на маицата на Хана ги активирале сензорите и дека припадниците немале право така да постапуваат со девојка која носи протези на нозете.

Откако одбила да оди во просторијата каде би се извршил целосен телесен преглед, Хана ја окружиле вооружени агенти и ја фрлиле на под, што предизвикало кај неа страв и траума, исто така наведено во тужбата.

Нејзината мајка, немоќна да направи било што, ја фотографирала Хана со лисици на под и со крв на главата.

Во тужбата се бара надомест за претрпениот страв и нанесените повреди во износ од 90.000 долари, а случајот е на суд. Девојката од бројните операции го изгубила видот на едното око, а била и делумно парализирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top