| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата која го разбуди ѕверот во Синиша

Поранешната сопруга на Синиша Златиќ, кој во петокот вечер во крвав пир уби пет лица, планирала својот живот да го подолжи со новото момче.

Во масакрот на нејзиниот сопруг во барот „Макијато“ во српско Житиште, покрај неа, загина и нејзиниот нов пријател на Стеван Јојиќ (40), како и три невини лица, кои во моментот се нашле на местото.

Се започнало од оваа фотографија, која откако Синиша ја видел, полудел. Четириесет и петминути по објавувањето, тој дошол во истиот бар.

01 LOGO.indd

Јојиќ кој работи и живее во Шведска, бил дојден во родниот крај на одмот. Негов пријател за „Новости“ изјавил дека тој планирал свадба со Дијана Златиќ.

Врската траела неколку месеци, а започнала после прекинот меѓу Синиша и Дијана. Најпрво се гледале во тајност, но во последно време излегувале и јавно.

Пред трагедијата, заедно го поминале викендот во Аранѓеловац.

Исто така изјавил дека го поканил Стеван со Дијана и нејзиниот 8-годишен син во Шведска. Меѓутоа, таткото Синиша не сакал да потпише согласност за патување и отворено кажувал дека го мрази тоа што Дијана се дружи со Стеван.

Погребот на Стеван ќе биде денес, како и Владимир Мијатовиќ, негов врсник, пријател и сосед од Житиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top