| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Македонците типуваат на Германија, на Велс никој не му верува

 

Полека завршува месецот на фудбалот. На 10 јуни, кога почна Европското првенство во фудбал во Франција, објавивме анкета, во која ве прашуваме: Кој ќе биде новиот европски првак во фудбал?. 

Анкетата ја отсликува ситуацијата на зелениот терен, истрчавме со листа од  24 репрезентации, исто колку што имаше надежи пред речиси еден месец, а денеска очекуваме вашите симпатии да ги поделите со клик на репрезентациите кои останаа во полуфиналето: Германија, Франција, Португалија и Велс.

evro 2016 germanija

Во нашата анкета Германија е фаворит уште од почетокот и сѐ уште е недостижна за Франција, која досега успеа да освои 189 гласа, за разлика од нашата првопасирана Германија, на која симпатиите ѝ ги подарија 634 читатели.

evro 2016 francija

Португалија не покажа игра каква што се очекуваше, па бледите резултати на теренот ѝ обезбедија и бледа поддршка од македонските фудбалски зависници. Само 58 читатели му веруваат на тимот што го предводи Кристијано Роналдо.

evro 2016 portugalija

На крајот, на овогодишното изненадување Велс никој не му верува, но и тие се речиси колку и на Португалија. Само 40 Македонци полагаат надежи во репрезентацијата на Велс, која се домолкна до полуфиналето со победата над Белгија.

evro 2016 francija

Од репрезентациите што испаднаа, најмногу симпатии собра Исланд, кој не успеа да ја прескокне пречката Франција и не се пласира во полуфиналето. Албанија, Швајцарија, Италија, Шпанија, исто така, оставија натажени армија навивачи во Македонија.

Ве очекуваме да го дадете вашиот глас за една од овие четири репрезентации, од кои една ќе биде наследничка на Шпанија на европскиот трон.

[poll id=”161″]

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top