Француската полиција спроведе контролирана експлозија на стадионот во Сен Дени каде вечерва се игра мечот Франција – Исланд
Навивачите кои се затекнале во близина велат дека слушнале силен прасок кој се слушнал од стадионот.
Некаде по 17 часот полицијата уништила сомнителен предмет, а на навивачите им бил забранет приод до стадионот додека траел увидот.
Explosion contrôle par la police à côté du Stade de France pour une voiture suspecte garée à proximité #fra #isl pic.twitter.com/EljFfxU1rG
— Simone Rovera (@SimoneRovera) July 3, 2016
Овој стадион беше главна цел на терористите во ноември, за време на натпреварот Франција -Германија, кога на повеќе локации беа убиени 130 лица. ИСИС се закани дека за време на Европското првенство ќе изврши терористички напад.
За сега не се знае зошто морало да биде извршена контролирана експлозија. Според локалните медиуми уништен е автомобил кој бил сомнителен на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.