Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најдобар можен начин го заокружи извонредниот свој настап на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Штутгарт, со триумф и на турнирот во поединечна конкуренција.
Ѓорческа, која беше трета носителка на турнирот, стигна до својот прв трофеј на фјучерс со награден фонд од 25.000 долари, победувајќи ја во финалето, втората носителка Далила Јакуповиќ од Словенија, со 6-2,3-6,6-4.
Претходно, како што е познато, нашата најдобра тенисерка, заедно со Аргентинката Молинеро, го освои и турнирот во игра на двојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.