Француските нуркачи го пронајдоа микрофонот од португалската телевизија ЦМТВ кој во езеро во Франција, за време на прошетка на португалскиот национален тим, го фрли Кристијано Роналдо.
Најдобриот светски играч во пресрет на дуелот со Унгарија го фрли микрофонот откако новинарот Диого Торес од ЦМТВ се доближи до него и го праша дали е подготвен за натпреварот. Потоа во јавноста беше објаснето дека Роналдо од поодамна има недоразбирања со новинарот Торес и оваа телевизија.
Откако микрофонот е пронајден, ќе оди на аукција а парите ќе бидат донинари за болни деца во Фунхал, местото каде е роден Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)