Германскиот селектор Јоаким Лев откри по драматичниот дуел со Италија дека немал никаква врска со изборот на играчи кои ќе шутираат пенали.
– Тоа е на нив, тие си се договорија. Брзо пронајдоа петмина кои ќе ги шутираат првите пенали – вели Лев и дополнува осврнувајќи се на самиот натпревар.
– Дуелот беше драматичен се до последниот удар. Нешто слично доживеав во 2006 година против Аргентина. Но, очекувавме тежок натпревар. Знаевме кое е најсилното нивно оружје и го блокиравме. Италија сигурно не можеше да ни даде гол од игра, затоа што го знаевме клучот како да ги блокираме. Но, ете се случи тој пенал – додаде германскиот селектор.
Германија дуелот го започна во формација 4-4-2, со двајца офанзивци. Еве и зошто:
– Италија игра високо со двајца централни напаѓачи и две брзи крила. Потоа од крилните позиции топката ја селат кон средината, и потоа бараат втрчување во празен простор. Играат предвидливо, но максимално ги извршуваат зададените задачи. Околу тоа како треба да играме со нив одлучив веднаш по нивниот натпревар со Шпанија – додаде Лев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.