Aјхан Д., на возраст од 33 години, загина во сообаќајната несреќа што попладнево се случи во близина на радовишкото село Јаргулица на магистралниот пат Радовиш-Струмица. Три лица се повредени и пренесени во струмичката болница.
Поради сообраќајката, од 16 часот попладне во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, меѓу селата Калуѓерица и Јаргулица.
Од засега непознати причини, се судриле две возила, при што на самото место загинал 33 – годишниот Ајхан Д. , а уште три лица со повреди се пренесени во струмичка болница.
Сообраќајот на тој дел од патот во моментов е пренасочен, соопшти автомото сојузот. Увидот се уште трае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.