| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една трагедија на македонските патишта – Млад живот згасна кај Радовиш

11

Aјхан Д., на возраст од 33 години, загина во сообаќајната несреќа што попладнево се случи во близина на радовишкото село Јаргулица на магистралниот пат Радовиш-Струмица. Три лица се повредени и пренесени во струмичката болница.

Поради сообраќајката, од 16 часот попладне во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, меѓу селата Калуѓерица и Јаргулица.

Од засега непознати причини, се судриле две возила, при што на самото место загинал 33 – годишниот Ајхан Д. , а уште три лица со повреди се пренесени во струмичка болница.

Сообраќајот на тој дел од патот во моментов е пренасочен, соопшти автомото сојузот. Увидот се уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top