Норберт Хофер, лидерот на Слободарската партија во Австрија, дал интервју за италијанскиот весник Кориере де ла Сера, откако во петокот австрискиот суд донесе одлука да се повтори второиот круг од претседателските избори на кои Хофер загуби со тесна разлика од сопарникот Александер ван дер Белен.
– Доколку во Европската Унија влезе и Турција, постои легитимна причина да се праша австрискиот народ за својата волја и да се изјасни дали сака да остане во такво опкружување, истакнал тој за весникот
Според него, и промените во европските договори со кои би се намалила компетенцијата на новите членки, исто така автоматски би водело кон референдум во Австрија.
Австрискиот министер пак за внатрешни работи, Волфганг Соботка, изјавил дека се срами поради тоа што судот пресудил дека вториот круг претседателски избори ќе мора да се одржи повторно заради неправилности поврзани со пребројувањето на гласовите кои стигнале по пошта.
– Разочаран сум и се срамам. Тоа невнимание, сето тоа длабоко ме потресе, изјавил министерот Соботка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.