| четврток, 6 декември 2018 |

Викна „Ку*во, нема да живееш“ и почна да пука – исповед на херојот кој му одзеде оружјето на убиецот

исидор

-Викна „Курво, нема да живееш“ и тогаш уследи првиот рафал – вака ја почнува својата прказна за синоќешното масовно убиство во Житиште, Исидор Суќевиќ, еден од хероите кој скокнал да му го одземе оружјето на убиецот и со тоа спречи да има повеќе жртви.

Според неговите зборови, синоќа дошол во кафулето,како испомош кај најдобриот другар кој воедно е и газда на локалот,  а како што вели убиецот го знаел од претходно.

-Ми пријде, се ракувавме. После кратко време се врати. Изгледаше како да ги плаши луѓето кога почна да пука. Во почетокот луѓето не ни врескаа, само паѓаа. Не можам да ви ја опишам сцената – рекол видно потресениот Исидор.

Како  што вели овој херој, се било како на филм.

-Застана меѓу фрижидерот и дрвото и оттаму почна да пука. Ми уби двајца другари. Мене покојниот Стеван и Владимир ми беа другари од детството, денеска требаше да одиме да печеме прасе – зборува во неверница овој човек.

-Убиецот застана покрај мене, а јас после првиот рафал, колку што можев го повлеков со раката и тој ја испушти пушката. Не знам дали го испука целиот рафал, но откако ја испушти пушката, се сврте и почна да бега – додал потресениот Исидор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top